AMUK


The Association of Macedonians in the UK has been established since 1993.

Асоцијација на Македонци во Обединетото Кралство (AMUK)

На 18ти мај 2007 г. во просториите на Бонингтон Хотел,Холборн, Лондон беше одржано генералното Собрание на Асоцијацијата на Македонци во Обединетото Кралство (AMUK). На состанокот присуствуваа претставници од Mакедонската Амбасада, г-дин Халили и граѓани на РМ кои живеат и работат во Обединетото Кралство.

Состанокот го отвори и го водеше Г-дин Бранко Мандичевски по следниот дневен ред:

  1. Цел на состанокот
  2. Извештај за досегашната работа на Асоцијацијата (г-дин Ване Миланов)
  3. Извештај за досегашната работа на Иницијативниот Одбор (ИО)
  4. Предложена структура на Претседателството
  5. Гласање
  6. Разно

НOLYMPUS DIGITAL CAMERAа почетокот, г-дин Мандичевски ги поздрави присутните и ја истакна целта на состанокот и даде објаснување за плановите и идејната програма на Асоцијацијата, како и за плановите за идна соработка со други организации и асоцијации.

Потоа, г-дин Ване Миланов даде краток извештај за досегашното работење и активностите од формирањето на Асоцијацијата до денес.

По излагањето на г-дин Миланов, г-дин Мандичевски ја истака активноста на Иницијативниот Одбор (ИО) на досегашните состаноци, посебно околу идејата за реактивирање на Асоцијацијата како друштво кое ќе ги обедини сите Македонци кои живеат во Обединетото Кралство, но исто така ќе придонесе за зачувување и негување на македонскиот јазик и обичаи, културата и уметноста.

Потоа се даде објаснување за структурата на Претседателството и работните групи:образование, култура и уметност, музика, информатика, забава и рекреација и др. Истовремено се истакна дека секој е добредојден и доколку има желба, може активно да се вклучи во работата на Асоцијацијата, или пак  со свои идеи и сугестии може да допринесе во планирање на активностите во некоја од групите.

Секој од предложените накратко се претстави пред сите присутни. Прв беше Кирил Вајт, Македонец, роден и израснат во Обединетото Кралство, кој веќе десет години работи како адвокат. Кирил рече дека е почестен од предлогот да биде претседател на Асоцијацијата и со задоволство би ја прифатил функцијата.

Потоа имаше простор за коментари, прашања и одговори, и на крајот се пристапи со гласање, при што предложеното Претседателство беше изгласано со 54 гласови ЗА (ниту еден ПРОТИВ, а имаше 3 воздржани).

Потоа, г-дин Халили даде краток говор со честитки и надеж за успешна работа.

На крајот, г-дин Мандичевски го затвори состанокот и им се заблагодари на присутните.

Покрај ова, да додадеме дека голема чест и задоволство ни претставува фактот што со оваа средба Асоцијацијата доби 40 нови членови.

[custom-facebook-feed id=amuk.asocijacija num=3 height=500px]